Бабиќ: Да бидеме трпеливи во нападот против Кадетен Шафхаузен!

фото: РК Е. Пелистер

РК Еурофарм Пелистер својот нареден натпревар ќе го има во рамките од третото коло во групата „Д“ на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен од Швајцарија во вторник (17 ноември) од 18.45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи поради ситуацијата со ковид-19.

Битолчани претходно ја известија Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ мечот редовно да се одигра.

Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со тренерот на екипата Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија.

фото: Е. Пелистер

– Тешка беше ситуацијата во тимот по враќањето од ЕХФ неделата, каде имаа свои обврски. Доста ракометари беа заразени со коронавирус и не можевме сите заедно да тренираме. Се собравме сите заедно пред три дена, одржавме неколку тренинзи и во ова кратко време ќе се обидеме да го анализираме тимот на Кадетен Шафхаузен, за што е можно подобро да му се спротиставиме. Тешко е прецизно било што да се каже, но верувам дека со нашиот карактер и желба ќе го надополниме тоа што не можевме да тренираме заедно.

Го гледавме натпреварот на Кадетен Шафхаузен против ГОГ Гудме, како и нивните домашни натпревари во шампионатот. Тие се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е нивната главна карактеристика и мора на тоа да обратиме внимание во вторник. Треба да бидеме трпеливи во нашата игра во напад – вели тренерот на Еурофарм Пелистер, Бабиќ.

Потсетување во рамките од групата „Д“ во првиот дуел македонскиот претставник загуби минимално во Данска од ГОГ со 30:29 иако имаше добри шанси да си замине и со триумф од ова гостување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот