Баба на 96 години е најстарата заболена со коронавирус – се излечила за три дена

Баба на возраст од 96 години е најстариот пацент кој заболе од коронавирусот, но жената успеа да се опорави по интензивната нега во болница само по три дена.

Се верува дека таа е најстарата личност во Кина која се зарази и излечи од коронавирусот, кој досега усмрти најмалку 1.383 лица и зарази 64.460 луѓе ширум светот.

Пациентката позната само по своето презиме Лу, отпуштена е вчера од болницата во Гвангжу, на истокот на Кина, пренесува „Дејли меил“.

Таму претходно беше пренесена од локална болница, откако имала симптоми кои укажувале на овој нов вирус.

По третманот, кој вклучувал и хормони и добивање на кислород, состојбата на Лу значително се подобрила. Целиот процес на лечење ќе продолжи во локалната болница во градот Нингбо откаде доаѓа жената.

Кинеските медиуми објавија снимка на која може да се забележи како оваа баба во количка излегува од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот