Азаренка го напушти теренот на Ролан Гарос: Ова е смешно

epa08681620 Victoria Azarenka of Belarus reacts after her women's singles quarter-finals round match against Garbine Muguruza of Spain at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 19 September 2020. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL

Белоруската тенисерка предизвика скандал на на стартот од Ролан Гарос поради лошите временски услови.

Денеска започна последниот грен слем турнир годинава, а организаторите на Отвореното првенство на Франција се соочија со големи проблеми поради лошите временски услови, дождот и ладното време.

Токму тоа и засмета на Викторија Азаренка која реагираше кај организаторот веднаш штом излезе на теренот за да игра против Црногорката Данка Ковиниќ. При резултат од 2:1 во гемови, дуелот беше прекинат поради дожд, но тенисерките не заминаа во соблекувалните туку останаа на теренот и токму поради таа одлука реагираше Азаренка.

Мора да се шегувате, зар не гледате што се случува. Што бараме ние тука? Јас дојдов да играм, знаете дека не сум од тие што се жалат, но ова станува неверојатно смешно. Не сакам да седам тука и да се смрзнувам. Повеќе нема да чекам ниту една минута, тука е ледено-само осум степени. Јас живеам на Флорида и навикната сум на топло време – му рече Азаренка на судијата кој не го прекина мечот, а потоа и се обрати и на Ковиниќ со зборовите „Дали ти сакаш да останеш на теренот“.
„Не“, одговори Црногорката.

„Ете уште едно не. Бидејќи е смешно, бидејќи е премногу ладно. Во што е поентата да седиме тука како патки“, зборуваше Азаренка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот