Авторката на Хари Потер пријавена во полиција: Намерно се обратила на трансродово лице со погрешен пол

Фото: Profimedia

Трансродовата водителка Индија Вилоби ја пријавила во полиција авторката на книжевниот серијал „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, откако таа ѝ се обратила како маж на социјалната мрежа Икс. „Таа изврши злосторство“, изјави Вилоби за телевизија Бајлајн.

„Јас сум законски жена, таа знае дека сум жена и повторно ме нарекува маж. Тоа е прекршување и на Законот за еднаквост и на Законот за признавање на полот. Таа го објави тоа на Икс (поранешен Твитер) пред 14 милиони следбеници“, рече Вилоби.

Роулинг ѝ возврати на прозивката, велејќи дека слободата на говорот е заштитена според британскиот закон, сугерирајќи дека ова „опсесивно таргетирање“ кон неа е еднакво на клевета и вознемирување.


Да потсетиме, Роулинг ги критикуваше транс жените во женските соблекувални и одговори на еден корисник на Икс, кој ѝ испрати видеото со Вилоби, прашувајќи ја: „Здраво Џоан, значи велиш дека оваа дама треба да ја користи машката соблекувална?!“

Како одговор, Роулинг напиша: „Ми испративте погрешно видео. Нема дама на ова видео, тоа е само маж кој ужива во својата мизогинска изведба на она што тој мисли дека значи ‘жена’ – нарцисоидна, плитка и егзибиционистичка“.

„Ако Индија Вилоуби е ‘мизогин’, тогаш зошто стана жена? Размислете“, ѝ одговори корисникот.

Авторката одговори: „Индија не стана жена. Индија се претвора во мизогинска машка фантазија за тоа што е жената“.

Патем, Вилоби е првата трансродова водителка во Велика Британија.

Роулинг е многу гласна во однос на трансродноста, велејќи дека попрво ќе оди во затвор отколку да изјави дека полот не е биолошка особина одредена со самото раѓање. Претходно, таа изјави дека не сака никого да вознемири, но дека чувствува потреба да ја изрази својата загриженост за бришењето на женскиот идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот