Автомат клубовите „АДМИРАЛ“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општа болница во Гостивар
Продолжува големата хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.
ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000,00 евра од страна на автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.
Препорачано
Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сé со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот COVID-19.
Од компанијата веруваат дека се потребни токму вакви таргетирани акции, сé со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.
Компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот COVID-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.
Koмерцијален текст


