Aвтобуската станица во Приштина евакуирана поради сомневање за бомба

Косовска полиција Косово Приштина
Косовска полиција / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Директорот на меѓуградската автобуска станица во косовскиот главен град, Арианит Грезда информира дека станицата попладнево била целосно евакуирана, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес”.

Од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени.

– Сите сме излезени. Ги отсранија сите луѓе, изјави Грезда.

За тоа дали се работи за сомневања за поставена бомба, Грезда ги упати новинарите да побараат информација од надлежните органи.

Од полицијата се уште нема информација за тоа што се случува на автобуската станица, меѓутоа медиумите јавуваат дека на местото на настанот е видно присуството на полициски тимови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот