Австрискиот канцелар го свика Советот за безбедност поради руски шпионски мрежи

Австриски канцалар Карл Нехамер фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер свика состанок на Советот за национална безбедност по апсењето на лице под обвинение за шпионажа, кое работело за сега распуштената домашна разузнавачка агенција во земјата.

Советот треба да се состане на 9 април.

„Неопходно е да се спречат „руските шпионски мрежи“ да и се закануваат на Австрија „со инфилтрирање или искористување на политички партии или мрежи“, соопшти денеска Нехамер од конзервативната Австриска народна партија.

Поранешен вработен во сега распуштената Федерална служба за државна заштита и контратероризам (БВТ) беше приведен под обвинение за злоупотреба на службената положба и тајни разузнавачки активности на штета на Австрија.

Јавното обвинителство во Виена вчера побара притвор. Не е соопштено за која земја лицето можеби шпионирало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот