Австриски пожарникар повреден во пожарите во Беровско

Австриски пожарникари во Малешевијата / Фото: МИА

Австриски 53-годишен пожарникар е повреден при гаснењето на огнената стихија во Малешевијата, објави Дојче Веле.

– Пожарникарот има скршен пршлен и посериозни повреди со коишто се здобил вчера при акцијата за гаснење на пожарите во беровскиот регион. Пожарникарот е во стабилна состојба, пружена му е помош и е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија во Скопје. Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена, вели во изјава за ДВ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Пожарникарите од Австрија се придружувани и од два лекарски тима, коишто веднаш му укажале помош на повредениот, по што му била пружена помош и од македонските лекари.

– Нема оштетување на нервите, нема потреба од операција. Засега препораката е да мирува, вели Масути по посетата на пожарникарот во болница.

[sc name=”dw” ][/sc]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот