Австрија фото Архива на Слободен печат

Австриската влада сака да спречи ново затворање на економијата

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер истакнува дека Владата сака да спречи ново затворање на економијата и општеството со сите свои сили и дека таквата мерка може да се случи само доколку контролата над ситуацијата целосно се изгуби.

Аншобер за виенскиот дневен весник „Естерајх” изјави дека Австрија сега се соочува со пресврт – стабилизација и постепено подобрување во најдобар случај или 2.500 случаи на инфекција на ден во најлош случај.

На прашањето дали тоа најлошо сценарио ќе значи ново затворање, Аншобер рече дека дури и со тие бројки, тоа нема да се стори.

„Ново затворање може да следи само ако целосно ја изгубиме контролата, ако се урне нашиот здравствен систем, а тоа е она што е предвидено со Законот за Ковид. Се уште сме далеку од тоа”, изјави Аншобер.

Говорјќи за моменталната состојба, тој рече дека зголемувањето на бројот на новоинфицирани на 7 и 8 септември е многу загрижувачко, и дека сега растот е успешно запрен, а бројот е стабилизиран, иако се уште е на високо ниво.

Аншобер додаде дека причините за тој раст се повратниците од одмори, но и забавите по регионалните спортски настани и непочитувањето на работното време во угостителските објекти, како и приватните забави.

Според него, врз основа на воведените мерки, бројот на заразени значително ќе се намали во првата половина на октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот