Австријците ќе можат повторно да патуваат во Ломбардија, без карантин

Ф

Во исто време, во Италија останува на сила предупредувањето за ниво 4, што овозможува слобода на патување.

Австрија од полноќ го укинува највисокото предупредување за патување во италијанската провинција Ломбардија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од четврток, Австријците ќе можат повторно да патуваат во Ломбардија, без карантин по враќањето во земјата.

„Епидемиолошката состојба во Ломбардија и дозволи на Австрија да го преземе овој чекор”, се наведува во соопштението на Министерството.

Во исто време, во Италија останува на сила предупредувањето за ниво 4, што овозможува слобода на патување.

Сепак, ништо не е променето кога станува збор за предупредувањето од највисоко ниво за патување – ниво 5 и 6, кое подразбира две недели карантин или негативен ПЦР тест при враќање од 32 земји низ целиот свет.

Меѓу овие земји се сите од Западен Балкан. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот