Австралијците веќе го прогласуваат невакцинираниот Ѓоковиќ за најголем непријател

Новак Ѓоковиќ ја чека конечната одлука дали ќе настапи на „Австралија опен“: Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Одлуката на австралиските власти да му дадат „медицинско ослободување“ на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ за да може да ја одбрани шампионската титула во Мелбурн наиде на поделени мислења.

Едни ја поздравуваат, други прилично ја критикуваат ваквата одлука за Србинот да се направи исклучок, иако уште во ноември беше објавено дека на „Австралија опен“ годинава ќе може да настапат само вакцинираните тенисери и тенисерки.

Ѓоковиќ веднаш се најде на удар од страна на „Дејли Мејл“, Британците веќе го опишаа Ѓоковиќ како анти-ваксер кој ќе игра на Австралија опен бидејќи „користел дупки во локалните закони кои не се доволно прецизирани“.

Во првите реакции на социјалната мрежа „Твитер“, Австралијците жестоко ги нападнаа нивните власти, а потоа под влијание на медиумите и самиот Новак.

Светските медиуми претежно само ја пренесуваат најавата на Ѓоковиќ дека добил дозвола да игра во Мелбурн, додека Иван Флак, новинар од Хрватскиот спортски клуб изјави дека „Ѓоковиќ ја победи државата Австралија“.

– Сака – не сака? Сака! Новак Ѓоковиќ, најпознатиот спортски антиваксер во светот, доби специјална дозвола од австралиската влада и ќе може да влезе во таа земја. Затоа, бидете подготвени за учество на првиот Грен слем турнир во сезоната во Мелбурн – напиша Флак.

Оваа тема ќе предизвика големи полемики во јавноста во наредните денови, а како се ќе се одрази на настапот на Новак во Мелбурн (17-30 јануари 2022 година), ќе видиме.

ЃОКОВИЌ ПОТВРДИ: Ќе игра на грен слем турнирот „Австралија опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот