Австралијците можат да го користат знамето на Абориџините, за што платија 14 милиони долари

Знамето на Абориџините/ Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Австралиската влада потпиша договор за добивање авторски права на знамето на Абориџините, со што знамето за прв пат стана достапно на јавноста.

Тоа е резултат на долга кампања за ослободување на знамето предводена од домородните застапници и членови на заедницата, пренесува Ројтерс.

EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Премиерот: Австралијците можат да го стават знамето на Абориџините на облека, слики, дела

„Го објавивме знамето на Абориџините за Австралијците“, рече премиерот Скот Морисон, додавајќи:

„Знамето на Абориџините сега ќе може да се користи на сличен начин како и австралиското национално знаме, што значи бесплатно, со целосна почит и на достоинствен начин. Сите Австралијци сега можат да го стават знамето на Абориџините на облека како што се спортски дресови и Т кошули, може да се нацрта на спортски терени, да се постави на веб-страници, во слики и други уметнички дела, да се користи дигитално и на кој било друг медиум без потреба да се бара дозвола или да се плати такса“.

Знамето е дизајнирано од уметникот Харолд Томас во 1970 година и има црвена, црна и златна боја кои ги претставуваат австралиските Абориџини и нивната поврзаност со земјата. Австралиската влада го призна како официјално знаме во 1995 година.

Дизајнерот ги задржа авторските права, владата плати 14 милиони долари

Но Томас досега ги задржа авторските права за знамето. Неговата претходна одлука да ги предаде правата за користење облека на компанија што не е домородна беше контроверзна и предизвика правни спорови околу нејзината употреба, вклучително и од австралиски спортски тимови.

Според новиот договор, комерцијалната компанија Керол и Ричардсон Флагворлд ќе продолжат да бидат ексклузивен лиценциран производител на знамиња на Абориџините, но тоа нема да ги спречи поединците да прават свои знамиња за лична употреба.

Владата платила 14,2 милиони долари за да ги обезбеди авторските права, објавија националната телевизија ABC и мрежата AAP.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот