Австралија подготвува нови правила за технолошките гиганти

Фејсбук Марк Закерберг
Фото: EPA/RITCHIE B. TONGO

Австралискиот премиер Скот Морисон се подготвува да објави парламентарна истрага која треба да ја анализира употребата на алгоритми во големите технолошки компании и потребата од нови закони кои би го ограничиле собирањето на кориснички податоци.

Австралија ги предводи глобалните напори за ограничување на моќта на компаниите како Алфабет и Фејсбук со закони кои многу земји ги сметаат за примери, потсетува Ројтерс.

Така, оваа година Канбера бараше од технолошките компании да им платат на медиумите за објавените содржини, а беше предложен и закон кој ќе ги принуди на властите да им дадат информации за идентитетот на луѓето со анонимни профили во случај на тужба за клевета.

Зголемување на можноста за дополнителна регулација

Во среда Морисон ќе објави нова широка истрага која ќе се фокусира на алгоритмите. Парламентарната комисија треба да утврди како платформите на социјалните мрежи ги користат и како го проверуваат идентитетот и возраста на корисниците, дознава Ројтерс.

Пратениците треба да проверат и како, според сегашниот закон, таа проверка е ограничена.

„Големите технолошки компании треба да одговорат на големи прашања. Големите технолошки компании ги создадоа овие платформи и се одговорни за нивната безбедност“, рече австралискиот премиер, според деловите од неговиот говор дадени за Ројтерс.

Најавата за нова истрага најверојатно ќе ги ескалира тензиите меѓу австралиската влада и Фејсбук, кој неодамна го смени името во Мета, и Гугл, шпекулира агенцијата.

Собраниската комисија ќе поднесе извештај за резултатите од истрагата до 15 февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот