Австралија дозволи употреба на екстази и „магични печурки“ за медицински третман

Фото: Edward.J.Westmacott / Alamy / Alamy / Profimedia // pixabay

Австралија во саботата стана една од првите земји во светот што дозволи употреба на МДМА (метилендиоксиметамфетамин, познат како екстази) и „магични печурки“ за медицински третман, во обид да се справи со одредени ментални здравствени состојби, пишува „Саенс алерт“.

Од 1 јули, овластените психијатри ќе можат да ги препишуваат лековите, познати и како екстази и псилоцибин (психоделично соединение кое го има во „магичните печурки“), за третман на посттрауматско стресно растројство и некои видови депресија.
Властите во Канада и САД дозволуваат медицинска употреба на еден или двата лека, но само во клинички испитувања или со посебни дозволи.

Во февруари, Австралија целосно го прекласифицира лекот, откако Администрацијата за терапевтски производи на земјата рече дека испитувањата покажале дека супстанциите се „релативно безбедни“ кога се користат во „медицински контролирана средина“.

Поддржувачите на овој потег се надеваат дека лековите можат да обезбедат откритија за пациентите со нарушено ментално здравје, кога другите третмани не успеале.

Фото: Пекселс/ marek-piwnicki

Мајк Маскер, истражувач за ментално здравје и превенција од самоубиства на Универзитетот во Јужна Австралија, изјави за „АФП“ (француска меѓународна новинска агенција) дека МДМА ќе биде корисна за лекување на посттрауматски стрес, додека псилоцибин може да помогне при депресија.

Тој објасни дека MDMA „им дава на луѓето чувство на поврзаност, им олеснува да се поврзат со терапевтите и исто така да зборуваат за некои лоши лични искуства“.

„Псилоцибинот им дава на пациентите психо-духовен ефект, кој не би го добиле од традиционалните лекови“, рече тој, додавајќи дека тој „може да направи да се чувствувате поинаку за себе и за вашиот живот… со надеж дека ќе ве натера да сакате да живеете“.

Маскер се сомнева дека лековите ќе бидат во широка употреба меѓу пациентите до 2024 година и рече дека процесот нема да биде случај на „земи апче и оди си“.

МДМА, на пример, веројатно ќе вклучи три третмани во текот на пет до осум недели, при што секоја сесија ќе трае околу осум часа.

Тој рече дека терапевтите ќе останат со пациентите додека тие ги примаат лековите за време на сесиите кои во регионот би можеле да чинат околу 1.000 австралиски долари (660 американски долари).

 

Фото: Hugh Threlfall / Alamy / Profimedia

Доктор Дејвид Калдикот, консултант за итна медицина и клинички истражувач за лекови на Австралискиот национален универзитет, изјави за „АФП“ дека промените ја ставаат Австралија „многу пред сите“ во истражувањето на медицинските придобивки на лековите.

Но, Сузан Росел, когнитивен невропсихолог од Универзитетот Свинбурн, рече дека, иако третманите „имаат потенцијал“, Австралија „се движи напред пет години пред да треба да го стори тоа“.

Таа изјави за „АФП“: „Кога ќе ги погледнете интервенциите… за кој било друг вид на болест, без разлика дали се работи за кардиоваскуларни болести или рак , не можете да добиете лек на пазарот толку брзо како што беше направено тука. Нема лекови на пазарот што немаат клинички испитувања во третата и четвртата фаза – и тоа е она што го правиме овде“.

Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека доказите за употребата на овие супстанции во лекувањето на менталните болести сè уште не се добро воспоставени.
Сепак, придобивките за некои пациенти ќе ги надминат ризиците, а во моментов има недостаток на опции за пациенти со специфични ментални болести отпорни на третман.

Но, пациентите се предупредуваат да не очекуваат чудесен лек.

„Прочитав за приказни каде што луѓето имале, како што велите, лоши искуства или всушност повторно ја доживеале својата траума, и затоа мораме да бидеме многу претпазливи“, рече Маскер.

„Мислам дека треба да има предупредување до потрошувачот дека ова е потенцијален несакан ефект пред да се одлучи да го земе лекот„ додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот