Атанасоски: Бомбите се оружје на двете најголеми политички партии, ДУИ освен создавање тензии не знае на друг начин да функционира (ВИДЕО)

Бомбите станаа дел од оружјето на двете најголеми политички партии. Искрен да бидам овој начин на препукувања не е добар за земја членка на НАТО и кандидат за членка на ЕУ. Никој не е среќен понудата на политичките партии да ни биде кој каков прислушкуван материјал ќе обезбеди за политичкиот противник и врз база на тоа да ги придобива гласовите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

-Во изминативе 30 години се изнаслушавме нереални политички ветувања. Тоа продолжува и денес. Значи од милијардата на Циле, па се до денес некои брзи железници. Сметам дека македонскиот гласач сега може да препознае нереална понуда. Секој човек сега може и добро да се информира и сметам дека нема веќе да се потпаѓа на розовите ветувања. Колку и да сакаат партиите да се допаднат, треба да бидат свесни дека за да се реализираат тие ветувања потребен е раст, потребна е голема сума на пари во оптек за тоа да се помисли дека може да се реализира, вели Атанасовски.

Прочитајте и...  Промоција на новата наградна игра за 2021 година на Верна програмата за лојалност, „ВЕРНА - една и единствена“

ДЕМОКРАТСКИОТ КАПАЦИТЕТ НА ПАРТИИТЕ И КАНДИДАТИТЕ

Кандидатот не може да го одбере својот опонент. Јас сум поборник на дебатите, затоа што таму граѓаните можат најдобро да оценат за кого би можело да гласаат. Искрен да бидам јас сум прилично разочаран од политичката култура/некултура на огромен број на кандидати и тоталното улично однесување на одредени кандидати. Токму заради ваквото однесување голем број на граѓаните и се обесхрабуваат и нема да излезат на гласање.

ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДУИ

-ДУИ има право да дава понуди целејќи кон гласачкото тело. Проблемот е што таа политичка партија освен создавање меѓуетнички-тензии не знае на друг начин да функционира. Доколку сакаат да егзистираат на политичката сцена, мора да се победат сами себе си и да излезат од етно-националистички ров.

Прочитајте и...  Собранието се деблокира, утре собраниски седници

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Слободен печат

ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Слободен печат

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Остави Коментар