Астролошко тројство: Што значат сончевиот, месечевиот знак и подзнакот?

Хороскоп, Фото: PxFuel

Кога ќе се нурнеме во астрологијата за да се запознаеме подобро, посегнуваме по карактеристиките на сончевиот знак, но астролошкиот идентитет се чита од целосната наталната карта. Иако, таквиот подвиг е премногу за почетници, пробајте прво да се запознаете низ истражување на месечевиот знак и подзнакот. И за двете ви е потребно времето на раѓање и било кој калкулатор на Интернет. Астролошкото тројство е воведот што ви е потребен во астрологијата.

Сончевиот знак: Центарот на вашиот личен систем

Сончевите знаци се убедливо најпознатиот дел од наталните карти кога станува збор за астрологијата. За некои луѓе, тоа е единствениот знак со кој се запознаени. Има причина зошто сончевиот знак е толку славен во астрологијата. Исто како што сонцето е центарот на нашиот Сончев систем, вашиот сончев знак ја претставува суштината на тоа што сте вие. Сонцето во наталната карта ја симболизира виталноста, животната сила, духот, интелектот и идентитетот на човекот.

Вашиот сончев знак владее над вашето его и чувство за себе, како и со вашето чувство за креативност, виталност и нагон. Тоа зборува за целите на вашиот живот и што ве мотивира. Сончевиот знак во астрологијата на крајот се смета за наш највисок израз на себе.

хороскоп вага меркур
ФОТО: Pixabay

Месечевиот знак: Вашата сенка

Како што Месечината на небото владее со ноќта и сè што се крие во сенките, така и вашиот месечев знак владее со вас. Тој се однесува на приватните и емотивните делови од нас. Месечината ја претставува мајката/мајчинската енергија во нашите натални карти. Кореспондира со раниот живот кога нашето постоење зависи од издржувањето на старателите. Таа го симболизира и нашето минато, нашиот дом и нашата комфорт зона.

Таа е олицетворение на нашите желби и емоции, нашите сеќавања – сето она што го чуваме внатрешно и не им го покажуваме на другите. Со други зборови, месечината во астрологијата владее над вашата интимна страна, сè што нè прави ранливи. Управува со помрачните делови до кои имаат пристап само најблиските луѓе. Месечевите знаци ни кажуваат како ги обработуваме емоциите и може да даде многу увид за тоа како некој функционира интуитивно.

Лунарната хороскопска енергија може да се манифестира на многу различни начини, во зависност од тоа кој елемент владее со вашиот знак на месечината. Водните месечини често се многу емпатични и имаат потреба од емоционална валидација, додека земните месечини генерално наоѓаат удобност преку финансиска сигурност. Од другата страна, огнените и воздушните знаци се чувствуваат најсреќни кога се ослободени од одговорност и можат да го изразат вистинското јас.

месечина поплава НАСА
ФОТО: EPA-EFE/Carlos Lemos

Познак: Вие на прв поглед

Вашиот подзнак е знакот што владее со првата куќа на вашата натална карта (од каде започнува истата). Оваа точка го симболизира спојувањето на духот и телото. Подзнакот е знакот кој изгревал на хоризонтот во моментот кога го земавте првиот здив и тоа е една од најзначајните астролошки области.

Подзнакот ги симболизира деловите од вас кои веднаш се појавуваат на површинско ниво, на пример како им изгледате на другите, како реагирате на нешта за кои не сте припремени, како се однесувате со другите луѓе и вашето целокупно однесување. Тој го симболизира телото, неговиот изглед и „маската“. Сфатете го тоа како знак за прв впечаток. Подзнакот е маската што ја носиме кога првпат се среќаваме со некого, за да го заштитиме нашето внатрешно јас. Подзнакот е дел од нас што му го покажуваме на светот.

дневен хороскоп

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот