Асанж ќе се врати во Австралија кога ќе завршат сите постапки кои се водат против него

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Џулијан Асанж може да се врати дома веднаш штом ќе бидат завршени сите постапки против него, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, еден ден откако британскиот суд одби да го екстрадира основачот на Викиликс во САД.

Заклучувајќи дека поради психолошки проблеми, постои голем ризик од самоубиство на американскиот „свиркач”, британски судија вчера го отфрли барањето за екстрадиција во САД, каде Асанж би се соочил со обвиненија за шпионажа.

Министерството за правда на САД соопшти дека ќе ја обжали одлуката пред повисок суд.

– Судскиот систем има свои процедури, а ние не сме странка во постапката. На Асанж, како и на секој Австралијанец, му беше понудена конзуларна поддршка и кога ќе заврши се, тој може да се врати дома како и секој друг Австралијанец – изјави Морисон за локалното радио 2ГБ.

Во САД поднесени се 18 обвиненија против Асанж (49) за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, поради на доверлива документи со информации за воените операции на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот