Артлексикон – поинаква приказна за Македонија
Колекционерот на уметнички дела и автор на проектот „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“, Влатко Милошевски, на 1 август ќе го реализира својот 20-годишен сон.
Препорачано
Во Научен и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ во Охрид, во 20 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“.
Истовремено ќе биде отворена и изложба со 30-ина оригинални уметнички дела од приватната колекција на Милошевски со наслов „Слики од странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“, која ќе може да се посети до 5 август.

Лексиконот и изложбата ја раскажуваат историјата на Македонија на еден поинаков начин – низ призмата на уметниците кои ја посетиле во периодот 1850-1950, а Милошевски вредно и трпеливо успеал да собере биографски податоци и дела на повеќе од 300 странски сликари.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 139, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30 јули – 2 август 2022)


