Арсовска вели дека атмосферската канализација е несоодветна, деновиве ќе каже како ќе се решава проблемот

Фото: Град Скопје

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вечерва на прес-конференција кажа дека екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Противпожарната бригада соодветно реагирале по денешното невреме.

Таа рече дека скопските пожарникари со успешна интервенција успеале да спасат над 20 луѓе.

Арсовска попладнето свика итна седница на Кризниот штаб на терен, а според неа, главната причина поради која поголем дел од градот беше поплавен е атмосферската канализација, за која ги обвини нејзините претходници дека не ја решиле соодветно.

„Најголемиот предизвик беше поради атмосферската канализација која е несоодветна за она што во моментов го имаме во Скопје. Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин ќе ги решиме овие предизвици. Има повеќе примери, дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација“, рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот