Арсовска: Скопјани нема да бидат тажни и оштетени за Нова година

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

И покрај тоа што Градот го прекина договорат за новогодишно украсување на Скопје, тежок речиси 250 илјади евра, сепак се планира скромно одбележување на празниците.

Скопјани нема да бидат тажни ниту оштетени за Нова година. Ќе се организира скромно одбележување, кое нема да чини толку пари. Во услови на енергетска криза во која не се знае дали ќе има улично осветлување, не може да се зборува за новогодишно украсување – вели градоначалничката Данела Арсовска.

Околу тоа дали Град Скопје ќе треба да плати отштета за раскинување на договорот, Арсовска вели дека се надева дека фирмата „Линк медиа плус“ ќе покаже општествена одговорност и разбирање за ситуацијата.

Градот Скопје годинава ќе биде украсен за 240.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот