Арсовска пак на тапет: ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат дека стопирала градба на градинки, училишта и спортска сала

Данела Арсовска прес/ Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Граѓаните од Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе останат без детски градинки, училишта и спортска сала бидејќи градоначалничката на Скопје Данела Арсовска донела одлука за запирање на процесот на градба преку ослободување на надомест, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека проектите кои наводно биле стопирани, претходно биле изгласани од Советот на Град Скопје. Според партијата, причината што нема да се градат проектите, било наводно тоа што задолжени за нивната реализација се  градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на Град Скопје донесе одлука за Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба, ОУ Блаже Коневски во Аеродром, градинката Весели Цветови во Кисела Вода, градинката Изворче во Аеродром, како и изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода, но Арсовска ја стопира нивната реализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат нејзина оставка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот