фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Арсенал за првпат по Венгер го има тренерот на сезоната во Премиер лигата

Микел Артета испиша нова страница во историјата на Арсенал, откако по цели 22 години му ја донесе шампионската титула во Премиер лигата. Одличната сезона на лондонскиот клуб беше крунисана и со индивидуално признание за шпанскиот стратег, кој е избран за тренер на сезоната.

Со ова признание, Артета стана првиот менаџер на Арсенал што ја освоил оваа награда по легендарниот Арсен Венгер, кому тоа му успеа последен пат во сезоната 2003/04.

Иако стилот на игра на Арсенал сезонава често беше предмет на критики, резултатите покажаа дека пристапот на Артета бил успешен. Дел од фудбалската јавност негодуваше поради акцентот на дефанзивата и головите постигнати по прекини, сметајќи дека тимот не игра доволно атрактивно.

Сепак, стручната комисија оцени дека токму Артета оставил најсилен печат во сезоната и заслужено го понесе признанието за најдобар тренер во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот