Армиски лекари ќе им помагаат на колегите од јавното здравство во земање брисеви

Фото: Профимедиа

Поради неточни податоци дадени од пациенти во изминатиот период, сега неколку здравствени работници се заболени, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека армиски медицински персонал ќе им помагаат на колегите од јавното здравство во земање брисеви за ковид-19.

– Тие ќе одат на терен и ќе земаат брисови – рече Филипче.

Тој додава дека повеќето од граѓаните не даваат точни податоци во епидемиолошките анкети.

– Оваа битка здравствените работници не можат да ја добијат сами, туку, мораме сите заедно – додаде првиот човек во здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот