Археолози ја решија мистеријата: Откриенa e вистината за градот чие уништување е опишано во Библијата

Тел Гезер / Фото: Erich Lessing / akg-images / Profimedia

Археолозите користеле радиојаглеродно датирање за да ја откријат вистината за настаните опишани во Библијата,  како и во египетските и асирските текстови поврзани со градот Тел Гезер во Левант, пишува  „Њусвик“.

Истражувачите проучувале 35 органски материјали, главно семиња, откриени во повеќе слоеви карпи во Тел Гезер, археолошки локалитет во Израел и веруваат дека ја решиле мистеријата на некои од настаните.

Како што е наведено во новата студија, се верува дека ова место одиграло значајна улога во културните и политичките настани од таканаречените библиски времиња.

Испитуваниот материјал потекнува од различни периоди од 13 до 9 век п.н.е. и фрла ново светло на катаклизмичните промени што се случиле во тој антички град.

„Нашата студија го дава првиот поглед на хронологија заснована на радиојаглеродно датирање за Тел Гезер во периодот од 13 до 9 век п.н.е. Ова ни овозможи самостојно да ги тестираме врските на настаните чии траги постојат во некои археолошки слоеви со оние од пишани извори“, изјави Линдел Вебстер, автор на студијата и член на Австриската академија на науките.

Фото: Alan Gardiner / Alamy / Alamy / Profimedia

Откритието, велат истражувачите, кореспондира со некои настани опишани во Библијата, како што е уништувањето на Гезер во времето на фараонот Мернепта и фараонот Шишак.

„И така, цар Соломон го постави народот и го изгради Господовиот дом и неговиот дом и Милон, и ѕидините околу Ерусалим, Асор, Мегидон и Гезер. Зашто, фараонот, египетскиот цар, излезе и го зеде Гезер, го запали со оган и ги уби Хананците, кои живееја во градот, и го даде како подарок на својата ќерка, жената на Соломон. И Соломон ги изгради Гезер и Вет-Орон Долниот“, стои во Библијата, во Првата книга на кралевите (Гл. 9:15-17).

Сепак, се додава, дека истражувањата покажале дека некои приказни не може да се потврдат, како онаа за падот на Гезер за време на Хазаил, древниот арамејски владетел споменат во Првата книга на кралевите.

„Развојот на хронологијата заснована на датирање со радиоактивен јаглерод во Гезер, место познато по своите историски врски, ја илустрира клучната улога на овој тип на датирање во реконструкцијата на историјата на одредени места, бидејќи ги решава долготрајните дебати и ни покажува дали има вистински врски меѓу археолошките остатоци и пишаните извори“, наведоа авторите во студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот