Археолошки локалитет Тумба Маџари: Виртуелна тура низ „Неолитско село“

Согласно здравствените препораки, „Неолитско село“ – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, сè уште е затворен за посета. Во интерес на заинтересираните посетители, Археолошкиот музеј овозможи кратка виртуелна тура низ локалитетот на линкот tumbamadzari.mk.

Локалитетот Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек, кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8000 години.

Посетата на музејот „Неолитско село“, како и реализацијата на многубројните едукативни активности и културни манифестации во овој комплекс ќе продолжат наскоро, а дотогаш можете да направите виртуелна прошетка, чија техничка реализација и подготовка е овозможена од Дончо Наумовски и м-р Елена Стојанова Канзурова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот