Арбелоа утре за последен пат ќе го води Реал Мадрид: Јас сигурно не би бил дел од тимот на Мурињо
Алваро Арбелоа денеска се зборуваше на прес-конференција во пресрет на последниот натпревар на Реал Мадрид во сезоната од Ла Лига против Атлетик Билбао, кој воедно ќе биде и негов последен меч на клупата на „кралскиот клуб“.
Препорачано
Шпанскиот стратег емотивно говореше за своето заминување, нагласувајќи дека Реал Мадрид засекогаш ќе остане дел од неговиот живот.
„Се надевам дека ова е само довидување, бидејќи ова секогаш ќе биде мојот дом. Припаѓам на Реал Мадрид веќе 20 години во различни улоги и ова засекогаш ќе остане мојата куќа. Утре е мојот последен натпревар на клупата на Реал, а не знам дали е и последен во мојата тренерска кариера“, изјави Арбелоа.
Тој порача дека посакува збогувањето со навивачите да биде крунисано со победа.
„Утре е голем натпревар, можност за збогување со навивачите. Натпреварите на домашен терен секогаш се посебни и различни. Сакаме сите на трибините да уживаат, тоа е најважно.“
Арбелоа се осврна и на можноста Жозе Мурињо да седне на клупата на Реал Мадрид, но истакна дека не очекува да биде дел од неговиот стручен штаб, ако се остварат најавите тој да биде новиот предводник на „кралевите“.
„Не е на мене да зборувам за можности. Жозе има фантастичен стручен штаб. Ако дојде во Реал Мадрид, ќе го доведе својот тим и нема никаква можност јас да бидам дел од тоа. Од понеделник ќе морам да размислам што е најдобро за мене. Сметам дека веќе направив чекор напред и многу напредував во изминатите четири месеци.“
Гвардиола се збогуваше со Сити: Не ме прашувајте зошто заминувам


