Ирански министер за надворешни работи Абас Аракчи, фото: EPA / HERBERT NEUBAUER

Аракчи: Топката е во дворот на Америка — светот чека дали ќе ги исполни обврските

Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, јавува Џерусалим пост.

„Иранско-американските услови се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, дали ќе има прекин на огнот или ќе има продолжување на војната преку Израел. Тие не можат да ги имаат и двете“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Х.

Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан.

„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држи до своите обврски“, објави Аракчи.

Претходно, Иран прогласи историска и разорна победа над САД и Израел по 40 дена војна, велејќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучувал прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионот.

И покрај прекинот на огнот, израелските сили започнаа жестоки напади врз Либан, погодувајќи 100 цели во рок од 10 минути. Во нападите загинаа најмалку 254 Либанци, а најмалку 1.165 беа повредени, пренесуваат медиумите во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот