Арачиновец во фиока чувал рачна бомба

Основното јавно обвинителство започна истрага против жител на скопското село Арачиново кој е осомничен за кривилно дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во пријавата од ОЈО до скопскиот Основен суд се вели дека пред два дена при претрес на неговиот дом, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупа е пронајдена рачна бомба модел Ф1.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложил на судијата на претходна постапка на арачиновецот да му одреди притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот