Фото: Слободен печат/Д. Митрески

„Аптив“ се повлекува од Македонија: Што се случуваше со американската компанија изминативе години?

Покрај „Аптив“, и американската компанија „Дура“ ја прекинува работата во Македонија поради откажани нарачки од главниот купувач.

Најавата дека американската компанија „Аптив“ наскоро ќе го напушти нашиот пазар, а за овој потег согласно досегашните информации и шпекулации веќе се подготвувале, објави „Телма“.

Компанијата, според досегашните информации, ќе продолжи да работи до крајот на следната година, но веќе го подготвува теренот за напуштање на нашата земја.

Како што веќе е познато во јавноста, компанијата во Македонија е основана во 2015 година во Технолошката индустриска зона и станува збор за Друштво со ограничена одговорност.

Според економската платформа „Компани вол“, фирмата во нашата земја е во сопственост на „Аптив Сервисес Хунгари Карлотолот Фелелосеѓ Торсашог“, а официјални управители се Бетани Џејкобс Апел, Еоин Пол Малдони, Фергал Пауер  и Стивен Џон Мекговерн.

Пад на извозот од Македонија: „Аптив“ си заминува од Скопје, „Џонсон Мети“ ќе отпушта работници

Финансиските податоци за последните години покажуваат дека компанијата бележи стабилен раст на приходите, но истовремено и зголемување на трошоците, при што добивката варира од година на година.

Во 2022 година приходите изнесувале околу 20 милиони евра, а расходите надминале 25 милиони евра, при што била остварена добивка од еден милион евра.

Во 2023 година компанијата значително ги зголемила приходите на повеќе од 31 милион евра, додека расходите се движеле над 30 милиони евра, што резултирало со добивка од околу 890.000 евра.

Минатата, 2024 година, фирмата остварила најдобар финансиски резултат досега — со приходи од 32 милиони евра, расходи од 28 милиони евра и чиста добивка од 3,5 милиони евра.

Намален бројот на вработени за 30 отсто

Според неофицијални информации, „Аптив“ од август досега, се вели во текстот, го намалила бројот на вработени за околу 30 отсто.

— „Аптив“ ќе го консолидира производството на своите компоненти за напредна безбедност и корисничко искуство во Европа што ќе резултира со затворање на нашата локација во Скопје. Имаме сеопфатен план за поддршка на нашите вработени во Скопје во текот на оваа транзиција, усогласена со локалните закони и прописи за труд. Се очекува имплементацијата да биде завршена до четвртиот квартал 2026 година — одговориле од компанијата за „Телма“.

Од Технолошко-индустриските развојни зони потврдиле оти добиле информации од менаџментот на „Аптив“ дека се водат преговори со други мултинационални компании за евентуално преземање или продажба на нивниот бизнис во земјава.

Клуч на врата ќе стави и „Дура“

Освен „Аптив“, клуч на врата ќе стави и американската компанија „Дура“. За одлуката го известиле и менаџментот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони на Република Македонија (ТИРЗ) од каде тврдат дека ќе побараат компанијата да врати дел од државната помош, заради неисполнување на обврските.

Според официјалното известување од „Дура“, компанијата го запира производството заради откажување на нарачките од страна главниот купувач.

„Од наша страна се преземаат активности согласно позитивните законски прописи во државата,“ велат од ТИРЗ.

„Аптив“ Лесковац го намалува бројот на вработени, им нуди годишна отпремнина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот