АПОКАЛИПСА ВО АВСТРАЛИЈА: Од страшните пожари небото доби крвава боја, цела земја гори! (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Во југоисточна Австралија небото доби крваво црвена боја. Последните 24 часа, пожарникарите ги опишаа како „најлоши“.

Во Памбули, во Нов Јужен Велс, секаде има чад, а атмосферата е како на Марс, поради непријатната црвена боја.

Слично е и во Еден, околу 30 километри понатаму. Голем број куќи се уништени, а многу жители најдоа засолниште во плажите.

Фото: Профимедиа

Во Австралија активни се околу 164 пожари, а 65 се уште не се локализирани. На терен се излезени 2.700 пожарникари.

Еден маж (47) почина од срцев удар додека му помагал на пријателот да го спаси својот имот во градче во близина на Канбера. Со тоа, бројот на починати од пожарите од септември, порасна на 24.

Од пожарите с епогодени сите шест сојузни држави. Изгореа повеќе од 5 милиони хектари земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот