„АПЕКС Македонија“ донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на Инфективната клиника

Справувајќи се со предизвиците наметнати од пандемијата на вирусот ковид-19 и водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, денеска се реализираше првата од серијата донации за здравствените институции од страна на компаниите, членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Компанијата „АПЕКС Македонија“ донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, со што значајно ќе се подобрат здравствените услови во клиниката.

– Поддржувањето на здравствените институции во ситуација на здравствена криза придонесува кон полесно пребродување на одредени предизвици и создавање на хумани услови за пациентите. Она што нѐ обедини беше нашето здравје, здравјето на нашите блиски, а преку тоа и здравјето на целото општество – наведуваат од компанијата.

Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфекциски средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот