Антуан Семењо на врвот: Кои беа најскапите 10 трансфери во зимскиот преоден рок?
Трансфер периодот во врвните фудбалски лиги заврши. Во јануари вообичаено нема многу возбудувања, но имаше неколку интересни трансфери, додека Манчестер сити потроши најмногу за еден играч, како што се очекуваше.
Препорачано
Зимскиот преоден рок дефинитивно беше обележан со големи трансфери, а на врвот на листата е трансферот на десното крило Антуан Семењо во Манчестер сити од Борнмут за 72 милиони евра. Интернационалецот од Гана, постигна 10 гола и три асистенции на 21 натпревар во првиот дел од сезоната во дресот на Борнмут, а веќе има два гол за Сити против Вулверхемптон и Тотенхем во Премиер лигата.
Кристал палас го купи напаѓачот на Вулверхемптон вондерерс, Јерген Странд Ларсен, на последниот ден од преодниот рок. 25-годишниот Норвежанец беше платен 49,7 милиони евра, што го прави втор најскап трансфер оваа зима.
Фламенго го ангажираше Лукас Пакета, поранешниот играч од средниот ред на Вест хем, за 42 милиони евра. Пакета е третото најскапо засилување оваа зима, а најскапото во историјата на бразилскиот фудбал. Тој се враќа во клубот од кој замина за Милан во 2019 година.
Топ 10 најскапи трансфери во зимскиот преоден рок 2026
Антуан Семењо во Манчестер сити (72 милиони евра)
2. Јерген Странд Ларсен во Кристал палас (49,7 милиони евра)
3. Лукас Пакета во Фламенго (42 милиони евра)
4. Конор Галагер во Тотенхем (40 милиони евра)
5. Бренан Џонсон во Кристал палас (40 милиони евра)
6. Адемола Лукман во Атлетико Мадрид (35 милиони евра)
7. Оскар Боб во Фулам (31,2 милиони евра)
8. Кадер Меите во Ал Хилал (30 милиони евра)
9. Тати Кастелјанос во Вест хем (29 милиони евра)
10.Рајан во Борнмут (28,5 милиони евра)


