Антонети: Ова е срам и ужас, сè е наместено во фудбалот

Тренерот на Мец, Фредерик Антонети/Фото: Принтскрин/dailymotion.com/FCMetzWebTV

Не се знае точно кон кого тренерот на францускиот клуб Мец ја насочил оваа изјава, но се претпоставува дека му пречела ВАР технологијата.

Стратегот на Мец, Фредерик Антонети вели дека ситуацијата во модерниот фудбал не е регуларна.

Антонети го критикуваше судењето на Пјер Гајус во ремито со Олимпик од Лион 1:1, во 19. коло од „Лига 1“.

Лион поведе во 56. минута со голот на Лукеба, а Траоре му донесе донесе бод на Мец две минути подоцна.

– Ова е срам и ужас. Сè е наместено во фудбалот. Го изгуби својот шарм и овој благороден спорт е уништен поради поединци – рече Антонети по натпреварот.

Мец моментно во првенството во француската лига е на 18. место на табелата, а Лион на 13. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот