АНТОЛОГ: Објавена е книгата „Голманката и морето“ од Марија Пар

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата за деца „Голманката и морето“ од норвешката авторка Марија Пар. Станува збор за продолжение на книгата „Вафли во форма на срце“ од авторката, која ја нарекуваат „новата Астрид Линдгрен“.

Марија Пар е исклучителна авторка на книги за деца од Норвешка. Нејзиниот прв роман „Вафли во форма на срце“ е преведен на повеќе од дваесет и пет јазици и ги освои книжевните награди: „Сорсиер“ (Франција) во 2010 година, „Зилферен хрифел“ (Холандија) во 2008 година и влезе во потесен избор за добивање на престижната награда „Браге“ (Норвешка). Според книгата е снимена популарна телевизиска серија за деца на најгледаниот ТВ-канал во Норвешка, а се направени и неколку театарски претстави. Марија Пар е магистер по нордиски јазици и книжевност и работи како наставник во основно училиште. Живее во Норвешка со своето семејство.

Македонското издание на книгата е преведено од Искра Бадева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 25, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот