Антимакедонски шалабајзери

Зошто ѝ е на опозицијата толку криво што Европската Унија (а и НАТО) ни ги признава македонскиот јазик и нација? Фактот што тие немаат ништо со тоа признавање не би требало да значи дека не треба да се поклонат пред луѓето кои го „фиксираа“ нашето идентитетско постоење, со уредно издаден, чист како стакло „имотен лист“, во двете најзначајни меѓународни организации на европскиот континент! Не е ли тоа остварување и на нивниот, наводен, „историски сон“?!

Да бидеме реални, оваа работа немаше никогаш да им успее на ВМРО-ДПМНЕ. Имаат тие премногу историски „фабрички грешки“, премногу идеолошки шизми и поделби, премногу внатрешни братоубиства и крв до рамена, предавства, кодошлук и идејни конфузии по прашањето на македонскиот идентитет – а и нешто пљачкосани комитски чекмеџиња – за да можеа на ваков спектакуларен начин да ги остварат овие важни меѓународни достигнувања за македонската нација.

Прочитајте и...  Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите

За таа неспособност не мора да се консултираат историски читанки и стогодишните апокрифни сведоштва по меѓународните државни архиви, од Истамбул, Ватикан и Москва, до Белград и Софија. Доволно е да ги погледате актуелните полемики што се одвиваат низ предизборните кампањи на десницата, за да ви стане јасна парализирачката какофонија за суштинските, стратегиски интереси на Македонија. Во тие „патриотски“ полемики ќе најдете од тотални наивности и аматеризам, до директни застапувања на туѓи антимакедонски позиции со кои агресивно се предлага поткопување и уривање на елементарните македонски интереси.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаше три години за да ја еманципира партијата од сопствениот долгогодишен меѓународен неуспех. Останаа заслепени од омразата кон своите политички опоненти и пропуштија, макар со вербална поддршка, да се „запишат“ во овој блескав историски дострел на современата македонска политика. Напротив, во меѓународниот трилер на шаховскиот турнир за бетонирање на македонските национални интереси, опозицијата додаде уште неколку домашни табли коишто Заев и Димитров со своите соработници мораа да ги „добијат“ во симултанката што ја решија во велемајсторски стил.

Прочитајте и...  Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Им помина историјата пред нос, а ВМРО-ДПМНЕ и нивните идеолошки сателити уште се занимаваат со истражување на содржината на сопствените пелени, заглавени на слеп политички колосек. И ветуваат дека, дојдат ли сега на власт, во првите сто дена ќе нè вратат сто години назад. Бидејќи Обединетите Нации, НАТО и ЕУ да ти биле само „привремени меѓународни организации“ пред кои не треба да се „коленичи“, оти македонскиот идентитет е толку безвремен и бесценет, што може да опстои и ако го снема!

Шалабајзери.

 

П.С. Со оглед на неговата неспорна експертиза на полето на социо-психолошките и политичките дијагнози на лидершипот на ВМРО-ДПМНЕ, неотповикливо го овластувам Бранко Тричковски да ме застапува во јавноста по повод квалификацијата на Мицкоски дека сум (додуша, второпласиран) „испрдок“ на Сашо Мијалков. Признавам, само Тричко може да ја протолкува таа патологија.

Прочитајте и...  Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма

Прочитај повеќе

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма

Слободен печат

Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Мирослава Бурнс

Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Џабир Дерала

Течат преговорите за Влада зад затворени врати

Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО)

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Михаило Донев

Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно

Соња Кириџиевска

Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Љубиша Николовски

Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите

Родителите бараат онлајн настава, МОН и Комисијата за заразни болести ќе одлучуваат утре

Михаило Донев

Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација

Мирослава Бурнс