Антикорупциска ќе отвори предмет за Рашковски – Слободен печат
ВестиМакедонија

Антикорупциска ќе отвори предмет за Рашковски

Антикорупционерите ќе проверуваат дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот.

Антикорупциската комисија по допрен глас ќе отвори предмет за Генералниот секретар Драги Рашковски и неговата евентуална вмешаност во изборот на фирма која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, дознава НОВА.

Случајот се отвора откако во јавноста се објави аудио снимката на која се слуша како Рашковски наводно договора реализација на тендерот кој го добила италијанската фирма „Леонардо“.

Според информациите на НОВА, Антикорупциската комисија ќе проверува дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот и дали е законски да преговара со претставнции на италијанската компанија, но и за обвинувањата од опозицијата дека тој договорал мито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close