Анри клечеше осум минути и 46 секунди! (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри се вклучи во борбата на Афроамериканците за расна еднаквост во САД.

Тјери Анри, кој моментно е тренер на Монтреал Импакт, клечеше осум минути и 46 секунди на натпреварот од американската МЛС лига.

Во знак на поддршка против расизмот му оддаде почит на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина пред неколку недели откако полицаец му држеше колено на врат скоро девет минути.

Официјално започна новата сезона во МЛС лигата, а во првиот натпревар Монтреал Импакт во рамките од групата „Ц“ загуби со 0:1 од Њу Ингланд Револушн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот