Анксиозни сте? Причината може да е недостаток на ОВОЈ витамин
За жал, анксиозноста денеска практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со нејзе, но други ги „држи“ многу долго.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, личноста чувствува страв, паника и е спречена нормално да функционира. Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира.
Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото.
Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи.


