Анкета на МЦМС: Возрасните се потолерантни од младите, многу семејното насилство и малку еколошка свест

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Како што се наведува во соопштението од МЦМС, возрасните се потолерантни од младите. Меѓу испитаниците над 65 години и оние меѓу 18 и 29 години особено се видливи разликите во однос на Ромите, припадниците на друга вера, етничка припадност или политичка партија и се движат меѓу 22 и 32 процентни поени.

Испитаниците биле прашани за оправданоста на некои појави за кои покрај законските ограничувања постојат и морални норми во општеството. Највисоки се бројките за неоправданост на семејното насилство, самоубиството, проституцијата и хомосексуалноста и се движат меѓу 87 проценти и 91 процент. За граѓаните, најмалку неоправдан е разводот каде се зголемила оправданоста во однос на 2010 година.

Во поглед на тоа кој најмногу ги поддржува личните и потребите на заедницата, граѓаните имаат поделени мислења. Синдикатите се најпрепознаени, па речиси една четвртина сметаат дека тие даваат најголема поддршка и за нив лично и за заедницата.

Секој петти граѓанин ги гледа политичките партии во улога на најголеми поддржувачи на потребите, лични и оние на заедницата. Речиси изедначена е перцепцијата за црквите и верските организации и граѓанските организации и се движи меѓу 15 и 17 проценти.

Прашани и за односот кон природата и грижата за животната средина, речиси половина од граѓаните (49,5 проценти) велат дека загадениот воздух е најголем предизвик за животната средина. За околу една четвртина тоа е загадувањето на водите (реки, езера) и водата за пиење, а на трето место (18,1 процент) е загадувањето на почвите и депониите. Скоро половина ги посочиле граѓаните како најодговорни за состојбата со животната средина, а мало малцинство одговорноста ја гледаат кај државата и општините.

За МЦМС анкетата ја спровела агенцијата М-Проспект во ноември 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.007 испитаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот