АНКЕТА: Македонците не се плашат од коронавирусот (ВИДЕО)

Коронавирусот, од кој утринава беа забележани 2.763 смртни случаи, а заразени се 80.790 лица, зема голем замав низ целиот свет. Државите се подготвуваат за заштита од евентуална пандемија. Вирусот деновиве почна да с ешири во Европа. Во Италија моментално има 11 починати и околу 300 заразени, а први заразени се појавија и во Австрија, Швајцарија, Хрватска и Грција.

Македонија засега нема потврдени заболени лица од коронавирусот, иако досега имаше три сомнителни случаи. Двајца од нив беа патници од Италија, а еден од Дубаи.

Владата на Македонија, на вчерашната седница донесе заклучоци да се преземат неколку мерки, меѓу кои да се формира постојан центар за информирање на јавноста, ограничено влегување во земјата од кризните подрачја и апелираше до граѓаните да ги одложат патувањата во Италија.

„Слободен печат“ ги праша македонските граѓани дали тие стравуваат од новиот коронавирус, како и тоа дали се задоволни од преземените мерки на Владата и што би презеле тие самите доколку се појават случаи на заболени во нашата држава. Нивните одговори погледнете ги во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот