АНКЕТА Граѓаните реагираат: Зошто да носиме маски на отворено кога забавите никој не ги контролира? (ВИДЕО)

Пред два дена министерот за здравство Венко Филипче го најави новиот пакет мерки кој во наредните денови ќе и биде претставен на јавноста, а кој вклучува засилени контроли и дополнителни норми за спречување на ширењето на коронавирусот.

Како што истакна министерот, со доаѓањето на септември започнува и сезоната на сезонскиот грип, а со самото тоа се очекува да се зголеми и бројот на заболени лица со ковид-19.

Филипче: Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за сузбивање на вирусот

Задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави во затворени простори, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно за бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз се дел од мерките кои се разгледуваат и кои ги најави министерот.

Граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека се свесни за непочитувањето на мерките и се согласни со министерот дека е потребно нивно заострување, но поголемиот број од нив не се согласуваат со мерката за задолжително носење на маски на отворено.

Некои граѓани се збунети, бидејќи ќе треба да се носат маски на отворено, а се уште се организираат забави и други прослави, додека други, пак, велат дека маската го отежнува дишењето и дека не е добро да се носи постојано.

Во продолжение погледнете ја нашата анкета:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот