Анѓушев: Растот на БДП-то од 4.1 проценти е нешто што го очекувавме

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека економските политики се креираат врз база на реални податоци и бројки, како и во согласност со долгорочните стратегии, на што Владата е целосно посветена.

Анѓушен го истакна ова денеска при објавувањето на БДП, кој во првиот квартал за оваа година забележал пораст од 4.1 проценти.

– Имаме обврска да обезбедиме долготраен развој на државата, а тоа го правиме со креирање на систем и стратегија кои обезбедуваат одржливост на долг рок. Растот од 4.1% во првиот квартал на 2019 година е нешто коешто го очекувавме, бидејќи ги планираме процесите и работиме на нивна имплементација. Сите клучни гранки кои значително учествуваат во Бруто домашниот производ бележат раст: градежништвото над 7%, земјоделството над 13%, преработувачката индустрија над 3.6%, а бруто инвестициите во првиот квартал бележат раст од 9.9%. Тоа значи дека и домашните и странските компании реализираа нови инвестиции – потенцираше Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека со логичен след на настаните, стапката на невработеност го следи економскиот раст. Од стапка на невработеност од 22,6 во вториот квартал на 2017 година, денес стапката на невработеност изнесува 17.8%, што значи дека невработеноста е намалена за 4.8 процентни поени.

– Во изминатите две години отворени се нови 49522 работни места, а забележлива е забрзана динамика во однос на намалување на невработеноста. Само во една година помеѓу првите квартали на 2018 и 2019 година, вработени се над 39 илјади лица, додека само во првиот квартал на 2019 година вработени се над 17600 граѓани. Очекуваме позитивен тренд во економијата и понатаму, затоа што Владата одлично знае кои политики и мерки треба да се спроведуваат за поддршка на домашните и странските инвестиции. Само во минатата година се поддржани околу 250 компании, додека оваа година во буџетот се планирани за 47% повеќе средства за поддршка на економијата – нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот