Ангеловска-Бежоска: Финтек-секторот ќе донесе нови и поевтини финансиски услуги

Анита Ангеловска-Бежоска/ Фото: МИА

Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги. Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за соработка со иновативната деловна заедница ‒ Порта на иновации, прва национална финтек-стратегија и соодветна регулативна рамка, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во изјава за МТВ, Ангеловска-Бежоска истакнува дека Централната банка презема повеќе активности.

-Пред неколку години ја отворивме Портата за иновации, платформа за комуникација помеѓу Народната банка, иновативната деловна заедница и други поврзани регулаторни органи. Целта е сите компании коишто имаат намера да воведат некои нови видови финансиски производи на домашниот пазар, да можат да пристапат на едноставен начин и да ги добијат сите потребни информации во делот на регулативата. Овој канал за комуникација не е корисен само за компаниите, туку и за нас, како централна банка, бидејќи ни овозможува да ги следиме најновите трендови во финаниската индустрија, да увудиме регулативни пречки за поттикнување на иновациите и да иницираме соодветни законски промени, нагласува гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочува дека кај компаниите има голем интерес за финтек-секторот. Според анкетата на Народната банка спроведена меѓу банките, финансиските институции и останатите регулаторни тела, околу 90 отсто од испитаниците се свесни за бројните придобивки од дигитализацијата во финансиите, додека околу 70 проценти од институциите веќе инвестираат во дигитализацијата и во промена на начинот на којшто функционираат финансиските услуги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот