Ангела Меркел си оди!

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Тројца официјални кандидати  на партискиот конгрес на почетокот на декември ќе се борат да ја водат Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, пишува „Гардијан“.

Меркел, која нема да се кандидира за петти мандат на федералните избори во 2021 година, веќе еднаш мораше да го раскине својот план за сукцесија: нејзиниот назначен наследник, Анегрет Крамп-Каренбауер, коja ја презеде одговорноста за ЦДУ во декември 2018 година, ја објави оставка една година подоцна, откако нејзиниот авторитет се намали со низата внатрешни борби за моќ.

Според информациите на „Гардијан“ пред почетокот на Ковид-19, замената требаше да биде крунисана на партискиот конгрес кон крајот на април. Армин Лашет, умерениот државен премиер на Северна Рајна-Вестфалија, изгледаше како најсериозен кандидат откако го победи амбициозниот млад министер за здравство, Јенс Спан.

Лашет, лојален бранител на бегалската политика на Меркел во 2015 година, исто така има предност што неговата федерална држава е најнаселена држава во Германија, обезбедувајќи скоро 30% од 1.001 делегат што треба да го дадат својот глас за идното раководство.

Во меѓувреме, друг конзервативен политичар се искачи на невидени височини: анкетите покажаа дека баварскиот премиер Маркус Шодер, кој воведе блокади во најјужната германска покраина пред да стапи на сила во остатокот од земјата, е најпопуларниот политичар во земјата. Но негов минус на конгресот во Штутгарт на 4 декември ќе биде тоа што тој припаѓа на ЦСУ, помалиот „брат“ на меркеловата ЦДУ.

Но, тој би можел да стане кандидат на двете партии за канцелар – опција што беше испробана претходно, со несреќен крај за конзервативците. Но многумина сè уште не веруваат дека баварските политичари со својот акцент и отворена католичка определба на конзервативизам можат да освојат доволно гласови ширум Германија.

Комплицираните односи на врвот на најголемата германска партија може да биде од корист на надворешниот кандидат: Норберт Рајтген, третиот католички адвокат од Рајнска област на гласачкото ливче, се вели во анализата на „Гардијан“ за можниот наследник на Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот