Убиецот на охриѓанецот во 2019 година беше уапсен поради закани кон Заев
Неофицијално Гроздановски имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство. Убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.
Анестезиолошки техничар од КАРИЛ го убил 76-годишниот охриѓанец К.М. наводно за претходно склучен договор за изддршка, неофицијално дознава „Фокус“.
Препорачано
Според информациите, убиецот Ж. Гроздановски до 2010 година работел во тетовската Клиничка болница, а после тоа почнува со работа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Овие информации за „Фокус“ ги потврди и актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, доктор Ерзен Ељези.
Неофицијално Гроздановски имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство. Убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.
Во полицискиот билтен се наведува дека вчера во 17,20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.
Според официјалните информации, случајот бил пријавен во 8.24 часот, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Осомничениот бил лишен од слобода во 17.20 часот во Брвеница од полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по потерница од СВР Охрид. Против него, по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за убиство.
Убиство во Охрид – жртвата е пензионер, осомничениот убиец е уапсен на другиот крај од земјата
Ова не е прво апсење на Грозданоски. Во 2019 годиина тетовската полиција го уапси тогашниот лидер на организацијата „Христијанско братство“, бидејќи во видеоснимка објавена на социјалната мрежа Фејсбук му се заканувал на тогашниот премиер Зоран Заев и на сите останати членови на Владата.
Тогаш од МВР соопштија дека во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина.


