Анџелина Џоли изнајмила платен убиец за да ја убие, детално го испланирала сопственото убиство!

Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Холивудската актерка Анџелина Џоли еднаш, во периодот кога во минатото се борела со самоубиствени мисли, ангажирала платен убиец да го испланира нејзиното убиство! Познатата оскаровка уште во 2001 година откри дека кога имала 22 години и поминувала низ многу „мрачен“ период од животот контактирала со платен убиец.

– Ова ќе звучи лудо, но еднаш сакав да ангажирам личност која требаше да ме убие – изјави Анџелина Џоли за ИМДБ, пренесува „Дејли мејл“.

Актерката додала дека повеќе би сакала да биде убиена отколку да си го одземе животот, бидејќи смета дека таквата смрт би била полесна за луѓето кои ја сакаат.

– Во тоа време не беше тешко да се најдат убијци во Њујорк. Знаев дека многу луѓе блиски до мене, како мајка ми, ќе се чувствуваат како да не ми дале доволно или да не направиле доволно за мене, за јас да си го одземам животот. Затоа, моето решение за тоа беше некој друг да ме убие, тоа би било убиство, на пример, во текот на грабеж и никој немаше да се чувствува како да ме разочарал – рекла Анџелина во интервју за „Фејс“.

Анџелина испланирала сè толку внимателно што дури имала и решение да не ѝ недостасуваат голем дел од парите на нејзината банкарска сметка одеднаш – планирала да му плати на убиецот дел по дел во одреден период пред смртта. Сепак, убиецот ја изненадил со својот одговор.

– Тој беше доволно пристојна личност и ме праша дали можам уште еднаш да размислам за својата одлука и да му се јавам за два месеци. Работите во меѓувреме се променија и мислев дека ќе протуркам сè – рекла актерката.

Анџелина се осврна на своето мрачно минато во 2011 година.

– Поминав низ тешки, темни времиња и ги преживеав. Не умрев млада, па затоа сум многу среќна. Има и други уметници и луѓе кои не ги преживеаја тие одредени работи. Мислам дека луѓето можат да замислат дека јас сум ги направила најопасните работи и да, го направив најлошото, не требаше да бидам овде од многу причини, премногу пати мислев за оние со кои се зближив, имаше премногу шанси да одам предалеку – рекла тогаш таа.

Џоли потоа го сумирала својот досегашен живот во интервју за „Тајмс“ во 2021 година, кога веќе се етаблираше како мајка и истакната актерка.

– Имав многу благословен живот, но имаше предизвици. Имав ПТСН. Често се чувствував како да сум скршена и се прашував на што сум способна и се грижев дека нема да можам да ги заштитам и да се грижам за оние што ги сакам – рекла тогаш Анџелина.

ВИДЕО | Неверојатна хемија: Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток филм за „Шанел“

Таткото на Анџелина Џоли ја критикува за поддршката на Палестина: Под влијание е на антисемитистите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот