Андреја Ѓорѓиески – Андреј од „ДНК“ трагично го загуби животот во пожарот во Кочани
Андреја Ѓорѓиески – Андреј од „ДНК“ е еден од загинатите во пожарот што избувна во дикотеката „Пулс“ во Кочани. Познатиот музичар на 43 години трагично го загуби животот, пренесуваат повеќе македонски медиуми. Веста официјално не е потврдена за „Слободен печат“ .
Препорачано
Според изворите на повеќе медиуми, Андреј подлегнал на повредите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот.
Цело утро за него се споделуваа апели да се пронајде, дека не се знае каде е, а по информацијата дека наводно е лоциран, за жал осамна веста за неговата смрт.
Дел од македонската естрада и блиските веќе се простуваат од него на социјалните мрежи, меѓу кои Лила, Миа Костова, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска…
Андреј Ѓорѓиески заедно со Владимир Блажев – Панчо беше дел од популарното музичко дуо „ДНК“. Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите „ТНТ“ (Андреј) и „ОК Бенд“ (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на „ДНК“ со наслов „Девојка за везден“ за кој снимаaт и видео запис.
Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија и ќерката Јана.


