Андов: Власта и опозицијата да научат да се договараат

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов смета дека само договор помеѓу власта и опозицијата ќе ја одблокира работата на собраниската Комисија за избори и именувања.

-Нема друг начин на решавање освен договор и пазар помеѓу власта и опозицијата за да се одблокира работата на Комисијата. Џафери нема право да го разреши од Комисијата пратеникот од Беса, бидејќи тој на предлог на Комисијата е избран од Собранието. Власта и опозицијата треба да се навикнат успешно да се договараат. Сметам дека ќе се договорат – вели Андов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот