ВИДЕО | Aндоновиќ: Затишје пред бура или бура пред затишје? Омекнување на тврдите ставови на балканските лидери

Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

Балканот изминативе месеци беше обележан со повторно враќање на тензиите од минатото кои и по години од распадот на поранешната југословенска федерација, не успеа да се стабилизира.

Покрај Косово чиј статус се уште не е јасно дефиниран, односно , има подршка само од еден дел на меѓународната заедница која ја признава државноста, но која не дозволува членство во меќународните организации, поприште на можен конфликт останува федерацијата на Босна и Херцеговина. Изминатиот период јавноста беше сведок на се погласни најави на преставникот на босанските Срби и член на ротирачкото престедателство на БиХ Милорад Додик, кој незадоволен од начинот како функционира федералната власт во Босна , но и изиритран од одлуката на меѓународниот претставник во Сараево за стаусот на Република Српска, започна со заговарање Република Српска да излезе од федерацијата.

Како прв чекор секако беше неговата најава за формирање на своја војска, полицијата да биде под директна надлежност на Бања лука, а наскоро Р Српска да добие и своја разузнавачка служба. Додека тоа не се направи Додик и членовите на неговата партија кои се на функција во федералните институции во Сараево започнаа со бојкот на нивната работа. На неговата милитантна реторика веднаш беше возвратено од страна на преставникот на босанските муслимани, Бакир Изетбеговиќ, кој целосно ги отфрла намерите на Додик и потсетува дека и Бања лука и целата Р. Српска е Босна и Херцеговина.

И кога можеби се помисли дека овие лидери имаат црвсти намери и пред се план како и кога сето ова да го реализираат, притоа користејќи ги сите расположливи средства, се чини дека се вмеша меќународната заедница односно САД. Во Сарево е испратен нов амбасадор, 30 годишен дипломат кој учествувал во постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор 1996 годиа. Новиот специјален пратеник за Балканот, Ескобар заедно со останите дипломати во регионот започна со кординирани дипломатски акции во насока на смирување на тензиите. Првин беше запрена опасноста од ексалација на состојбите во Косово и инцидентите со полициските рации на Приштина и блокадите на косовските срби. Сега на ред е Босна и Херцеговина и намалување на тензиите кои тамошните лидери ја предизвикуваат со својата реторика.

Но се чини дека посретството на американската амдинистрација во Босна и Херцеговина почнува да дава некакви резултати.

Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ оствари средба со Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Според соопштението, средбата на хрватскиот претседател Милановиќ со Додик е продолжување на активностите на претседателот на Хрватска со цел стабилност и функционирање на Босна и Херцеговина и постигнување легитимна застапеност на сите три конститутивни народи во согласност со Дејтонскиот договор.

„За таа цел, претседателот Милановиќ претходно имаше состаноци со Бакир Изетбеговиќ, претставник на бошњачкиот народ, и Драган Човиќ, претставник на хрватскиот народ во Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Она што е чудно во целата оваа средба се изјавите од не така одамна кога Додик ја обвинуваше Хрватска и нејзиниот престедател Милановиќ дека планираат први да ја рапсарчаат Република Српска, а дека хрватите заедно со муслиманите во Босна се во коалиција против србите.

Некако во исто време се случуваат најави за уште една, исто така неверојатна најава и иницијатива, на овој пат опонентот на Додик , Бакир Изетбеговиќ, кој најавува дека планира да се сретне со српскиот престедател Александар Вучиќ но и дека „ нема да му падне круна од главата“ доколку отпатува во Белград и таму разговара со Вучиќ.
Невројатноста оваа изјава се толкува поради фактот што токму Бакир Изетбеговиќ го обвинуваше Вучиќ дека води во српска политика и му дава подршка на Додик и Боснаските срби да се отцепат од Босна. Изетбеговиќ нескриено го обвинува Вучиќ дека се залага да ја распрача Босна и Херцеговина, да ја отцепи Република Српска и да ја присоедини кон Србија како комепнзација за загубеното Косово.

Сега истиот Изетбеговиќ најавува средби и патување во Белград, што само упатува дека новата американска „булдожер дипломатија “ започнала со работа , односно со смирување на најновите политчки тензии како последица од распадот на некогашна СФРЈ.