Андоновиќ: Либија ќе биде главната точка на светскиот и регионален геостратешки судир во 2020 година

Овој судир е помеѓу исламистичката идеологија предводена од „Муслиманските браќа“ кои со поддршка на Анкара ја раководат владата во Триполи и таканаречената воено-секуларна политика олицетворена во Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Турција нареди распоредување на своите трупи во Либија во обид да го одбрани главниот град Триполи и тамошната влада на Фајез ал Сараџ со која Анкара има договор за економски појас во Средноземното море богат со гас и нафта. Турција сака да ги заштити своите економски интереси и да ги контролира овие богати наоѓалишта, анализира за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ новинарот Дејан Андоновиќ.

Од друга страна источната либиска армија предводена од генералот Хафтар се обидува да го освои Триполи, бидејќи кој го контролира главниот град на Либија ќе ја контролира и најбогатата африканска држава со нафта и гас.

Овој судир е помеѓу исламистичката идеологија предводена од „Муслиманските браќа“ кои со поддршка на Анкара ја раководат владата во Триполи и таканаречената воено-секуларна политика олицетворена во Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Од друга страна постои економски судир околу нафтата во Медитеранот каде договорот на Турција со владата во Триполи ги загрозува Израел и пред се Грција и Кипар, бидејќи договорениот економски појас стратешки ги оневозможува Грција и Кипар да земат дел од нафтениот колач.

Големите сили Русија и САД засега се воздржани, но Москва благо го подржува генералот Хафтар, додека Вашингтон сакајќи да и се додвори на Турција во војната со Иран, ја подржува заложбата на претседателот Ердоган во поддршката на владата во Триполи.

Во меѓувреме генералот Хафтар во пресрет на мировната конференција во Берлин закажана за недела се наоѓа во тајна посета на Атина, во обид да ја добие грчката поддршка во спротивставувањето на турските претензии на нафтените наоѓалишта на Медитеранот.

И Грција и Турција се земји членки на НАТО, па оттаму и сериозноста доколку овие две држави дојдат до конфликт ако се земе во предвид дека со децении се на работ на вооружен судир.

Овој проблем особено може да ја загрози и стабилноста на Европа ако се земе во предвид дека во евентуалната конфронтација на Турција и останатите држави околу Либија, Анкара би можела да ги пушти над три милиони бегалци од своите кампови токму во Грција, со што би предизвикале нов мигрантски бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот